Ова е нешто најубавото што ќе го погледнете овој Божиќ – видеото за кое многумина рекоа е најдобрата божиќна реклама на годината.
Видеото има десетици милиони прегледи откако беше објавено минатата седмица.
Во триминутното видео можете да видите како еден дедо кој е изолиран поради пандемијата со kopoна вирусот, сам почнува да вежба и да ја враќа својата сила и кондиција.
Стариот маж се бори и се напрега, но го мотивира една фотографија, која публиката не може да ја види на почетокот.
Моментот во кој се открива зошто дедото цела година вредно тренирал – на многумина им го скрши срцето и им измами најдлабоки емоции.
Рекламата на германската фармацевтска компанија Doc Morris стана вирална, а многумина признаа дека заплакале додека ја гледале.
“Честитики за преубавото видео. Никогаш не е доцна за да почнете да се грижите за себеси, за да можете да се погрижите за она што навистина е важно. Многу важна порака”.
“Да, ме расплака”, е само една од бројните реакции на ова емотивно видео. Со оглед на тоа колку оваа 2020 година им беше тешка на сите и колку стрес, страв, тага и болка им донесе на милиони ширум светот, неверојатно е да се погледне колку три минути од една реклама може да фрли светло на она што е важно, да го стоплат срцето и да ве допрат на најчовечкиот можен начин.
Се чини дека токму тоа ни е потребно на сите нас, во овие празнични, а пандемиски денови – да се потсетиме дека животот е убав, дека имаме за што и за кого да се бориме и да ги пребродиме сите премрежја – и дека сè ќе биде добро. Видеото можете да го погледнете ОВДЕ.