Рецепт и видео презентација на “Шерпица” – посни крофни.
Ова се најубавите крофни без млеко и јајца и воопшто не се разликуваат од мрсните. Воздушести се, меки, се топат во уста, а од нив мириса целата улица. Особена арома му дава ренданата кора од лимон и портокал, како и ванилиниот шеќер.
Потребни состојки:
1 кг брашно, 40 г квасец, 300 мл млака вода, 200 мл газирана вода, 100 мл масло, 2 лажици шеќер, 2 кесички ванилин шеќер, Рендана кора од портокал – многу малку, Рендана кора од лимон и 1 лажичка сол
Постапка:
Во подлабок сад ставете го квасецот, лажица шеќер и лажица брашно. Добро промешајте со малку вода и оставете квасецот да се активира.
Потоа, во стасаниот квасец додадете масло, вода, газирана вода, шеќер, рендана кора од лимон и портокал, ванилин шеќер. Замесете со брашното. Брашното додавајте го малку по малку и додадете сол. Завршете со месењето и оставете го тестото да стасува додека да се удвои.
Тестото развлечете го на набрашнета работна површина, вадете тркалца со чаша и оставете малку да одморат за да стасаат, околу 10-тина минути.
Маслото загрејте го и горната страна на крофната спуштете ја свртена кон долу. Поклопете и пржете околу една минута, тргнете го капакот, превртете ги крофните и оставете долната страна уште малку да зарумени.
Доколку не сакате да ги полните со ништо, можете да им правете и дупки во средината. Крофничките вадете ги на салветка да се исцедат, наросете со шеќер во прав и послужете со џем. Уживајте во најдобрите крофни! Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.