Со едноставни вежби зголемете го виталниот капацитет на белите дробови. Тоа значи зголемување на кислородот кој ќе го вдишите и општо подобрување на исхранетосто на мозокот и сите ткива во телото.

Опоравувањето од koвид 19, па дури и со полесна клиничка слика, може да трае и со неколку седмици. Затоа лекарите препорачуваат пациентот во текот на зарепнувањето што повеќе да одмора, да се храни здраво и да зема суплементи од витамин Д, цинк и магнезиум.

Покрај тоа, се советуваат и вежби кои имаат за цел да го подобрат капацитетот на белите дробови, за да стане дишењето полесно и подлабоко.

-Ова е мал од вежби за зголемување на виталниот капацитет на белите дробови – вели Радниќ. Секоја вежба потребно е да се повтори неколкупати, неколку пати во текот на денот или онолку пати колку што тоа го дозволува општата здравствена состојба на организмот.

Доколку почувствувате вртоглавица, имате краток здив и потешкотии со дишењето, болка во градите, ладна пот, прекумерен замор или аритмија – веднаш прекинете ги вежбите.

Наведените вежби можат да се радат во лежечка, седечка или стоечка положба.

ПОДИГАЊЕ НА РАЦЕТЕ

Подигнете ги испружените раци над глава и истовремено длабоко вдишете. Задржете се во оваа положба неколку секунди, а потоа полека издишете и споро спуштете ги рацете покрај телото.

КРУЖЕЊЕ

Со испружени раце правете кружни движења во зглобот на рамењата, така што вдишувањето треба да го следи подигнувањето на рацете, а издишувањето – спуштањето.

ПРЕКРСТУВАЊЕ НА РАЦЕТЕ ПРЕКУ ГРАДИ

Широко раширете ги рацете во висина на рамењата со длабоко вдишување, задржете ги така неколку секунди. Потоа рацете со издишување прекстете ги преку градите.

ШИРЕЊЕ НА ЛАКТИТЕ

Испреплетете ги прстите зад вратот, а потоа со вдишување полека ширете ги лактите, а со издишување лесно спојте ги пред лицето.

НАСЛУШНУВАЊЕ

Поставете ја едната дланка на градите, а другата на стомак. Полека вдишете го воздухот така што да почувствувате како воздухот и градите истовремено ви се шират и подигаат.

ВОЗДУХ ВО СТОМАКОТ

Легнете на грб со нозете свиткани во колена. Ставете ги рацете на стомак или обвиткајте ги околу него. Затворете ја устата и поставете го јазикот на непцето. Вдишувајте го воздухот низ ноз и вовлекувајте го воздухот во стомак, така да почувствувате како тој се полни. Потоа полека издишете низ нос.