Менструацијата веројатно не е баш омилениот месечен настан кај ниту една жена, особено кога таа е болна и проследена со разни непријатности.

Еден месец доцни, следниот ќе дојде порано отколку што требало…Само што ќе се навикнете дека трае четири денови, а потоа одеднаш ќе продолжи на цела седмица, а може и подолго. Грчевите и болките честопати ве исфрлаат од дневната рутина, а без лекови понекогаш е тешко да станете и од кревет.

Поради тоа, добро е преку овој мал прирачник да се запознаете што сè би можело да очекувате деценија по деценија и кога промената на вашиот циклус би можело да значи нешто сериозно.

МЕСЕЧЕН ЦИКЛУС ВО ДВАЕСЕТТИТЕ

Ако повеќето тинејџерски денови сте ги поминале во борба со дисменореја (болна менструација), тогаш добрите вести гласат: Во овој момент од вашиот живот, вашата менструација ќе биде многу поуредна. Зошто?

Многу е типично за младите девојки да не овулираат редовно, велат лекарите. А без редовна овулација, менструацијата е нестабилна.

Од друга страна, кога вашиот циклус е постојан и доаѓа редовно секој месец, ќе започнете да доживувате ПМС – грчеви и чувствителност на градите. Ако не сте навикнале секој месец да ги имате овие несакани ефекти, тоа може да биде непријатно изненадување.

ВЛИЈАНИЕ НА ХОРМОНСКА КОНТРАЦЕПЦИЈА

Уште една голема промена во меструалниот циклус која обично се случува во 20-тите години, а е поврзана со контролата на раѓање. Ова е деценија кога жените се одлучуваат за хормонска контрацепција, кога имаат стабилен партнер и премногу се зафатени со кариерата за да размислуваат за деца.

Преминот на пилули веројатно ќе предизвика промена во вообичаениот циклус – ќе биде полесен и поредовен, со помалку грчеви и намалени симптоми на ПМС.

Всушност пилулите или друг вид на хормонска контрацепција, како што се хормоналните спирали, може дури да предизвика и изостанок на менструацијата.

Контрацепциските пилули спречуваат овулација, а без овулација нема формирање на слузокожата од матката која мора да истече од телото.

ВО ТРИЕСЕТТИТЕ СЕ ЈАВУВААТ ПРОБЛЕМИ

Во поголемиот број случаи, менструацијата во оваа деценија би требало да биде прилично предвидлива и постојана. Симптомите како што се ненадејни, силни одливи или поинтензивна болка од вообичаените грчеви – може да бидат знаци за некои поголеми проблеми.

Бенигните израстоци наречени миоми, кои се причина за посилно крвавење, обично не се јавуваат додека не влезете во триесеттите.

А ендометриозата, која се карактерисира со многу силни болки кои можат да потаат цел месец, исто така се дијагностицара во текот на триесеттите години.

“ПАУЗА ЗА БЕБЕ”

Уште еден фактор кој влијае врз промените на менструалниот циклу во триесеттите е бременоста и доаѓањето на бебето. Како што знаете, во текот на бременоста менструацијата оди на “пауза”, а обично се враќа шест седмици после пораѓајот ако не доите. Доколку жената дои, менструацијата нема да се врати додека не престане процесот на доење или да се намали фрекфенцијата.

Лекарите потсетуваат дека пораѓајот може да доведе до долгорочни промени во циклусот. Многу жени повеќе немаат болни грчеви, а како што наведуваат експертите, тоа може да биде предизвикано од многу работи, но со огледн на тоа цервикалниот отвор станува малку поголем, крвавењето се одвива без силни контракција на матката.

ПРАВАТА ЗАБАВА ЗАПОЧНУВА ВО ЧЕТИРИЕСЕТТИТЕ

Во четириесеттите започнува правата забава. Ова се години кои го означуваат почетокот на хормоналните промени во перименопаузата, кои се претходница на менопаузата. Во текот на овој период, обично 8 до 10 години пред менопаузата (која доаѓа во раните 50-ти), вашето тело се подготвува за завршница на менструалниот циклус.

Вообичаените промени кај хормоните предизвикуваат неправилна овулација, а флуктуацијата на естрогенските нивоа значи дека би можеле да очекувате и по некоја пропуштена менструација, која посилно крвави и има подолг и побурен ПМС.

Што би рекле лекарите – за симптомите на перименопаузата единствено е предвидливо дека ништо не е предвидливо. Само не заборавајте – дури и доколку овулацијата е нередовна, и натаму можете да забремените!

Бидејќи жената не е во менопауза се додека менструацијата целосно не и престане, па дури и една година после тоа. И без оглед на годините, имајте на ум дека менструацијата ви нуди голем увид во целокупното здравје.

Значи, ако имате некои необични симптоми, би било добро да се обратите на лекар. Честите нередовни циклуси или драстични промени во крвавењето би можеле да укажуваат на проблем со штитната желзда, синдром на полицистични јајници или низа други излечиви здравствени проблеми.