COVID-19 амбуланта на Клиниката Жан Митрев: Во склоп на COVID-19 тест центарот можете да добиете и преглед од лекар
Со цел да излеземе во пресрет на што поголем број на засегнати граѓани кои се позитивни на коронавирус, креиравме можност и за преглед од лекар по претходно закажан термин.
Нашата амбуланта во склоп на COVID-19 тест центарот работи од понеделник до петок од 8 до 20 часот, а за време на викендите од 8 до 14 часот.
Овде освен тестовите за утврдување на присуство на COVID-19, можете да направите и комплетна лабораторија, или рендген на белите дробови со што се добива целосна и реална слика за здравствената состоба.
Сите оние пак кои имаат потреба од дополнителни појаснувања, одговори и препораки врзани со нивните COVID-19 резултати и состојба, можат да ја одберат услугата: преглед за пациент со ковид и да закажат во нашиот контакт центар на 02/3091-484 и да дојдат на закажаниот термин.
Оние кои не сакаат да ја напуштаат удобноста на својот дом можат за закажат консултација која ќе се одвива виртуелно.
Веруваме дека брзата и навремена дијагностика и понатаму ќе биде есенцијална алатка во правилното справување со кризата.