При првото “грепкање” и чувство на сувост во грлото, посегнете по некои од природните раствори за испирање, и во краток рок ќе се ослободите од неугодноста и ќе спречите воспаление.

Крајот на есента и почетокот на зимата е период во кој се поголем број луѓе ги мачи сува кашлица и болка во грлото. Кога имаме болка во грлото и тешко заспиваме поради тоа, честопати посегнуваме по лекови и сакаме “мравка да утепаме со динамит”.

Меѓутоа, многу подобро решение се секако природните раствори кои многу лесно можете да си ги направите и сами.

Во продолжение прочитајте четири рецепти кои ќе ви помогнат во најкраток рок да го смирите надразнетото грло, да ја смирите болката и да ги уништите бактериите.

Покрај тоа, овие раствори ќе ја намалат иритацијата на ткивата и ќе направат дезинфекција на слузокожата.

КУРКУМА И СОЛ

Во 250 мл млака вода разматете 1 лажичка куркума во прав и половина лажичка морска сол. Куркумата е позната по антисептичките својства, па добро делува против болки.

ЈАБОЛКОВ ОЦЕТ, МЕД И ЖАЛФИЈА

Во 250 мл млак чај од жалфија додадете 1 лажичка јаболкова киселина и 1 лажичка мед. Медот ќе ја ублажи чувствителноста на грлото, додека оцетот ќе делува антибактериски.

БЕЛ СЛЕЗ

Во 250 мл чај од бел слез додадете 1 лажичка ѓумбир во прав. Ѓумбирот е силен антисептик и добар е против болки, додека слезот ја смирува надразнетата слузокожа на дишните патишта.

СОЛ И ВОДА

Ова е традиционален и многу едноставен лек за болка во грлото. Во една шолја топла вода додадете четвртина лажичка сол и добро промешајте.

ПРИМЕНА НА РАСТВОРИТЕ

Земајте мали голтки и правете гаргара во времетраење од најмалку 30 секунди. Најдобро е да се потроши целата количина која сте ја приготвиле, а за следниот пат да приготвите нова.