Фото и рецепт: Зорка Јанчева – Божиќни кифли, памук меки како душа.
Потребни состојки: 250 мл кисело млеко, 250 мл обично млеко, 1 коцка свеж квасец (40 г), 4 лажици масло, 1 лажица сол, 1 лажичка шеќер, 1 цело јајце, 3 белки, 1 кг брашно, 200-250 г путер на собна температура за премачкување на корите. За фил: сирење или по желба
Постапка: Во млака вода издробете го квасецот, додадете лажичка шеќер и малку брашно, па промешајте да се раствори шеќерот и да нема грутчиња. Оставете 10-тина минути за да се активира квасецот и запени.
За тоа време затоплете го киселото млеко да биде млако, па додадете го активираниот квасец, и останатите состојки, па со постепено додавање на брашното замесете убаво меко тесто.
Оставете го покриено во намастен сад да стасува околу половина час на топло. Кога ќе стаса истурете му една лажица масло и премесете го, па повторно оставете го да стасува половина час покриено.
Потоа тестото е подготвено за работа. Поделете го на толку топчиња колку што сакате да правите кифли, или директо кинете парчиња од него и формирајте топчиња.
Топчињата развлекувајте ги во долгнавести кори со овална форма, па преку цела површина намастувајте ги со путер омекнат на собна температура.
На едниот крај засекувајте ги (како што е прикажано на фотографиите), а на другиот крај ставете фил и виткајте ги кифлите. Вака приготвените кифли редете ги во плех обложен со хартија и оставете ги да стасаат.
Потоа премачкајте ги со јајце или жолчки изматени со малку млеко, наросете ги со сусам по желба и ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени околу 10-15 минути.
Фото и рецепт: Зорка Јанчева