Пробајте, ќе видите колку лесно се прават, а многу се вкусни и декоративни. Излегуваат доста, одлични за закуска, предјадење, слави, родендени…
Потребни состојки:
3 листа обланди
400 г кисела павлака
400 г мајонез
300 г ситно сирење
100 г шунка – на ленти
100 г чајна колбасица – на ленти
250 г варен морков
150 г кашкавал – рендан
Постапка:
Два поголеми листови обланда исечете ги на половина за да добиете четири помали. Три исечени листови свиткајте ги во влажна крпа за да омекнат. Еден голем лист, исто така свиткајте ги во влажна крпа за да омекнат. (четвртиот помал не ви треба)
За фил: Потребно е да измешате ситно сирење, кисела павлака и мајонез. Мешајте додека смесата да стане мазна и компактна. Секој од трите помали листови обланда кога ќе омекнат премачкајте ги со фил. Врз едниот до половина наредете листови шунка и свиткајте во ролат.
Врз вториот лист наредете тркалца од чајна колбасица до половина, па свиткајте во ролат. А врз третиот наредете сечкан варен морков, до половина, па свиткајте во ролат.
Врз големиот лист обланда нанесете фил од сирење. Ставете два свиткани ролати на средината од големата обланда, нанесете малку фил, па преку ставете го третиот ролат, за да добиете триаголник.
Роалтите премачкајте ги со остатокот од филот, и преклопете со страничните краеви на големата обланда. Целиот триаголник премачкајте го со мајонез и наросете го со рендан кашкавал. Постапката погледнете ја преку фотографиите: