Туфахија е десерт и за најпребирливите, па кој не го пробал омилениот десерт од босанската кујна, мора во најскоро време да го проба за да не го пропушти – еден од најубавите десерти, со вкус да се растопиш од милина кога ќе пробаш.
Ви претставуваме одличен рецепт за да направите туфахија во домашни услови, но овојпат во вид на торта.
Потребни состојки:
6-7 јаболка, вода, шеќер, ореви, суво грозје, цимет
За бисквитот:
5 јајца, 5 лажици шеќер, 5 лажици брашно. За украсување: шлаг, шарени трошки или нешто по ваша желба
Постапка:
Јаболката излупете ги, а средината издлабете ја. Наредете ги во подлабок сад наполнет со вода и шеќер, колку да биде прекриено дното.
Јаболката наполнете ги со ореви и суво грозје, па наросете со малку цимет. Ставете во рерна да се печат на 180-200 степени додека да омекнат јаболката.
Јајцата пенасто изматете ги со шеќерот, па со лажица додадете брашно и промешајте. Во смесата за бисквит можете да додадете и суво грозје кое претходно малку киснело во рум.
Смесата прелијте врз јаболката и печете додека да биде готово.
Печениот колач оставете го да излади, а потоа превртете го наопаку. Може да го послужите со изматен шлаг и да го наросите со шарени трошки или сечкани ореви или нешто по ваш вкус.
Coolinarika.com