Во текот на денешниот ден не очекува голема промена на временските услови во нашата држава. По денешните невообичаено високи температури за овој дел од годината (ќе достигнат и до 14 степени), од вечер не очекува силен ветер, кој на некои места ќе достигне и до 100 километри на час.
Од утре, не очекува големо заладување, температуритте ќе се спуштат од 0 до 5 степени, а на планините континуирано ќе се зголемува снежната покривка.
Според најпознатата апликација за следење на временските услови, Accu Weather, во недела 21 јануари, се очекува снежната граница да се спушти на околу 300 метри надморска височина, што ќе услови врнежи од снег во градовите.
Во наредниот период, од понеделник, се очекува ведро и многу студено време. Утринските температури ќе се спуштат и до минус 10 степени, а дневните нема да преминуваат 2.
Кон крајот на месецот, во сабота и недела, на 30 и 31 јануари, не очекува нов влажен и студен бран, кој ќе услови уште пообилни снежни врнежи во пониските предели, што пак ќе придонесе за зголемување на снежната покривка.