Рецепт и видео презентација на Том Филос – Вкусен и сочен ролат со мелено месо и варени јајца.
Вкусен и сочен ролат од мелено месо и варени јајца е добар избор за ладно предјадење а може да се послужи и топло со зеленчук… по ваша желба. Јас го правам на овој начин. Многу едноставно, вкусно и декоративно, супер изгледа на трпеза и сите ќе бидат одушевени.
Потребни состојки:
½ главица кромид
500 г мелено месо
2-3 чешниња лук
30 г презла
сол, црн пипер, сув зачин
5 варени јајца
Постапка:
Во половина килограм мелено месо додадете ситно сечкана половина главица кромид и неколку ситно сечкани чешниња лук. Замесете убаво со рака додека да се изедначи.
Зачинете со сол, црн пипер и сув зачин по желба. Во смесата додадете 30 г презла (лебни трошки) и уште малку измесете. Потоа смесата од мелено месо распоредете ја врз парче хартија за печење во вид на правоаглеста кора.
Од варените јајца малку засечете ги краевите и наредете ги едно до друго во продолжение, од едниот крај до другиот крај од месната кора. Потоа свиткајте го ролатот со помош на хартијата.
Одозгора намастете го малку и ставете го да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 40 минути или додека убаво да зарумени. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: