Рецепт и видео презентација на Гурман ТВ – колач со гриз и рибизла.
Многу вкусен и нежен колач со бобинки кој нема да ви одземе многу време за негова подготовка. Сосем е вкусен без никакви додатоци, но по желба можете да го наросите со шеќер во прав, бело чоколадо, шлаг или овошен сируп…
Потребни состојки: 180 г гриз, 300 мл кефир, 120 г путер, 70 г шеќер, 2 јајца, 10 г прашок за печиво, 10 г ванилин шеќер, 30 г пченкарен скроб, 200 г црна рибизла, путер за подмачкување.
Се пече во плех 25х30 см и уште е потребно малку путер за негово намастување. Колачот се пече на 180 степени околу 20-30 минути.
Постапка: Во подлабок сад ставете 120 г путер исечен на коцки и омекнат на собна температура, додадете 70 г шеќер и 10 г ванилин шеќер. Пенасто изматете го миксер, па додадете две јајца едно по едно (второто додадете го откако првото убаво ќе го изматите).
Кога ќе го додадете второто јајце додадете и една лажица брашно (10 г) брашно. Изматете и соединете. Во друг сад со 180 г гриз додадете 300 мл кефир (јогурт) и промешајте со лажица. Оставете ја смесата да одмори половина час, за да може гризот убаво да набубри.
Потоа постепено додадете ја смесата со путерот и јајцата и промешајте со лажица или шпатула за да се соединат состојките. Во садот со 200 г црна рибизла претходно измиена и исцедена (боровинки или други бобинки по ваш избор) наросете 20 г пченкарен скроб и убаво промешајте со лажица за да се обложат бобинките.
Додадете ги смесата и промешајте. Плех со диманзии 25х30 см обложете го со хартија, па во него излејте ја приготвената смеса, рамномерно распоредете и израмнете. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу половина час (20-30 минути). Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: