Рецепт и видео презентација на Том Филос – Мека пита со сирење.
Одличен рецепт кој секому добро ќе му дојде. Милина од пита, многу е вкусна, а премногу лесно се приготвува и што е најважно – брзо ќе се најде на вашата трпеза.
Потребни состојки:
4 јајца, 180 г кисела павлака, 100 мл масло, 150 г брашно, 10 г прашок за печиво и 200 г сирење. Плехот за печење е 30х20 см и за негово намастување се користи малку путер. По желба одозгора можете да наросите сусам или семко по желба, но не е задолжително.
Постапка:
Во подлабок сад со жица изматете 4 јајца, 180 г кисела павлака и 100 мл масло. Мешајте додека да се изедначат состојките.
Во 150 г брашно додадете една кесичка прашок за печиво, промешајте, па соединете го брашното со смесата од јајца. Постепено додавајте го додека постојано матите.
На крај едно калапче од 200 г сирење ситно издробете го и промешајте го во изедначата смеса. Калап со димензии 30х20 см добро намастете го со путер, па во него излејте ја приготвената смеса и израмнете.
Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, околу 25 -30 минути. Деталите од постапката можете да ја погледнете во видеото: