Овој голем светец се смета за заштитник на градот Солун, а бидејќи неговиот гроб мирисал на смил и босилек, наречен е и Мироточив.
Православната црква утре, 8.ноември го слави денот на Светиот великомаченик Димитриј, кај народот познат како Митровден.
Празникот е посветен на античкиот командант Солун кој пострадал поради ширење на христијанството.
Митровден е неподвижен празник, што значи дека секогаш се паѓа на ист датум, односно на 8.ноември според новиот или 26.октомври според стариот календар. Во црквените календари е обележан со црвени букви.
Свети Димитриј е роден во Солун во третиот век од нашата ера, за време на царот Максимилијан. Ја игнорирал царевата наредба да ги изгони христијаните и јавно го проповедал христијанството.
Кога царот слушнал дека солунскиот заповедник е христијанин, наредил да го фрлат во зандана каде бил измачуван и погубен.
Солунските христијани тајно го погребале, а подоцна на местото на неговиот гроб била подигната црква, а Димитриј бил прогласен за заштитник на градот Солун.
Според преданието, гробот на Свети Димитриј мирисал на босилек и смил, па затоа тој е наречен и Мироточив. Според бројот на обие кои го слават, Митровден е меѓу најбројните во Македонија и воедно е една од поголемите слави.
Како што велат народните верувања, воочи Митровден и Ѓурѓовден треба секој да си оди дома во својата куќа, бидејќи кој не е во својот дом, тој преку цела година ќе ноќева по туѓи куќи.
Ова воедно се смета и за најважниот митровденски обичај. Овој ден е познат, како што се верувало, и по тоа што ајдуците тогаш се разделувале за некаде да ја презимат зимата и повторно се среќавале за Ѓурѓовден следната година.