Фото и рецепт: Ленче Гогова – Лажна баклава.

Рецептот за овој превкусен колач кој се топи во уста, омилен на сите обожувачи на шербетните колачи, ни го претстави нашата драга членка Ленче Гогова во групата НМД рецепти.

Потребни состојки:

5 јајца, 1 чаша (од 200 мл) шеќер, 1 чаша млеко, ½ чаша масло, 2 чаши брашно, 1 чаша гриз, 2 чаши мелени ореви, 1 лажичка прашок за печиво

За шербет:

600 мл вода, 1 чаша (од 200 мл) шеќер, ½ лимон исечен на тркалца

Постапка:

Најпрво се приготвува шербетот за да има време да излади. На оган се зоврива 600 мл вода со 1 чаша шеќер и се вари 5 минути од моментот на зовривање. Пред крај се додаваат парчиња лимон и се остава на страна.

Во подлабок сад пенасто се матат 5 јајца, па постепено им се додава шеќерот и се мати додека да згуснат, побелат и шеќерот да се растопи. Потоа додека сè уште матите додадете млеко и масло, намалете ја брзината, па додадете го брашното, гризот и прашокот за печиво.

На крај додадете ги мелените ореви, па промешајте, а добиената смеса излејте ја во намастен и набрашнет плех или тепсија со средна величина и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 30-40 минути.

Печениот колач оставете го 5 минути да подизлади, одозгора наросете го со грубо сечкани ореви, па прелијте го со шербетот. Оставете убаво да се впие, па послужете го добро изладен.

Фото и рецепт: Ленче Гогова