Сите вие барем еднаш во животот сте слушнале дека сушењето на алиштата во просториите каде живееме може да биде штетно за здравјето поради испарувањата од алиштата.
Крег Матер (43) од Болтон ги игнорирал ваквите предупредувања, а по извесен период тој се стекнал со инфекција на белите дробови.
Крег Матер е татко на три деца, а кога заминал во болница му била дијагностицирана белодробна аспергилоза. Му биле препишани антимикробни лекови и наскоро тој се чувствувал подобро.
Сепак, докторот му рекол дека ќе мора да престане да ги суши алиштата во затворен простор, бидејќи во спротивно неговата здравствена состојба ќе се влоши.
По советот на докторот Крег престанал да ги суши алиштата на радијатор веќе цела година, а неговата здравствена состојба значително се подобрила.
Но, овој човек не е единствениот со вакво искуство. Според експертите, сушењето на облека во затворен простор може да доведе до сериозни здравствени проблеми.
Што всушност се случува кога испраната облека се остава на радијатор или во просторијата во која престојуваме?
Кога влажната облека се остава на радијатор, испарувањето го зголемува нивото на влажност во воздухот за 30%, со што се создаваат идеални услови за развој на спори од мувла.
Професорот Дејвид Денинг објаснува: “Еден куп испрана облека содржи околу 2 литри вода која испарува во собата.
Повеќето од нас не се имуни на загадувањето кое се развива во овие влажни услови, или нашите тела имаат слаб имунолошки систем за да се одбранат од болеста.
Поради тоа, пациентите со астма може да доживеат проблеми со кашлање и потешкотии со дишењето, а кај лица со ослабен имунолошки систем, како оние што се третираат со хемотерапија, лица заболени до СИДА и други заболувања на имунолошкиот систем, паразитите може да придонесат за сериозни оштетувања на белите дробови.”
Студијата која вклучила повеќе од 100 куќи во текот на зимата на 2011 година, дошла до сознание дека 87% од луѓето ги сушат алиштата во затворен простор за време на зимскиот период, а две третини од луѓето испраните алишта ги сушат на радијатори, односно блиску до извор на топлина.