Рецепт и видео презентација на “Кујната на Душка” – Брзи топчиња од 3 состојки.
Овие топчиња можете да ги правите во посна и непосна варијанта, а сèзависи од изборот на намирниците (за посни се користат посно чоколадо и посни бисквити).
Исто така, топчињата што ќе ги направите можете да ги поделите, па едните да ги валкате во коскос, други во мелени ореви или лешници, трети да ги потопувате во чоколадна глазура..и така да добиете поголема разновидност.
Инаку, топчињата се приготвуваат навистина многу брзо и многу се вкусни – лапни голтни, сите уживаат во нив.
Потребни состојки:
280 г мелени кекси
2 поголеми банани
40 г рендано бело чоколадо или растопено на пареа
бело чоколадо за валкање на топчињата или нешто друго по ваш избор
Постапка:
Издробете ги бананите со виљушка во подлабок сад, па додадете ги мелените бисквити и чоколадото, па заедно соединете ги во еднолична смеса.
Правете ги топчињата со дланки, а доколку сакате сите да ви бидат со приближна величина, послужете се кафена лажичка при црпнувањето од смесата.
Обликуваните топчиња веднаш валкајте ги во рендано чоколадо, или кокос, или мелени кекси, ореви, лешни, чоколадни трошки… Деталите можете да ги погледнете во видеото: