Home Вести Зголемена достапност на кардиолошките и кардиохируршките интервенции – селективна коронарографија

Зголемена достапност на кардиолошките и кардиохируршките интервенции – селективна коронарографија

Излегувајќи во пресрет на сите оние пациенти, кај кои е неопходно изведување на кардиохируршка интервенција, а пред тоа,  предоперативна коронарографија, едно потсетување,  дека  предоперативната коронарографија во Клиничка болница Жан Митрев и понатаму е бесплатна.

Истата се изведува неколку часови или денови пред планираниот оперативен зафат на срцето, и влегува во групата на предоперативните иследувања.

Што е коронарографија?

Коронарографијата е инвазивна дијагностичка процедура, која се изведува во сала за катетеризација и под рентген зраци и истата е сеуште златен стандард за одкривање на стеснувања на крвните садови  на срцето, т.н коронарни артерии. Методата е релативно безболна, безбедна, се изведува на буден пациент, најчесто преку артерии на раката под локална анестезија.

Трае десеттина минути, со мал ризик (помал од 1 промил за голема компликација) и е неопходна за секој пациент кај кој се планира операција на срцето. Ангиографската хибридна сала на нашата клиника е опремена со современ Philips-ов ангиограф кој се одликува со добра резолуција, јасен приказ на артериите и ниска доза на зрачење.

Предоперативната коронарографија се изведува на сите пациенти кај кои е потребно да се изврши бај пас операција, операција на срцев залисток или операции на срцевите мани и проширувањата (аневризмите) на почетниот дел на аортата.

Во дијагностички цели кај пациент кој имал претходен срцев инфаркт и кај кој има повеќе запушувања кои не се решаваат со стент, коронарографија може да доведе до прецизна дијагноза и бај пас операција на срцето со што се завршува лекувањето на пациентот.

<

Врз основа на актуелниот договор со ФЗОМ секоја коронарографија која претходи на операција на срцето во Клиничка болница Жан Митрев е бесплатна, и се завршува во рок од неколку дена, после претходниот преглед од нашите кардиолози и лабораториските иследувања.

И покрај секојдневните потешкотии со кои се соочуваат нашите пациенти во пандемијата со COVID 19,  благодарејќи на брзите тестови, протоколи за работа во епидемиски услови, заштитните фактори и опрема, Клиничка болница Жан Митрев  постои безбеден систем за работа, и ризиците од интрахоспиталните инфекции се сведени на минимум.

Затоа, процедурите се изведуваат континуирано, без застој со посебни протоколи, а се со цел, да се продолжи со лекувањето на кардиоваскуларните заболувања, без одолговлекување, бидејќи за жал, тие се сеуште на прво место според бројот на починати пациенти, насекаде.

Животот мора да продолжи, и пациентот мора да го најде својот пат и решение.

Д-р Иван Милев
Спец. по педијатрија – Супспец. по кардиологија