На почетокот од годинава беше поставен онлајн калкулатор за пресметка на староста на вашето срце.
Оваа алaтка беше поставена на сајтот на британското Министерство за здравје, за споредување на реалните години на лицето со „староста“ на неговото срце, земајќи ги во предвид информациите за начинот на живеење, висина и тежина.
Иако целта на тестот беше да ги поттикне луѓето да направат позитивни промени во начинот на живеење, критичарите сметаа дека тоа не е доволно.
Дури, еден експерт предупредуваше дека луѓето би можеле, после добивањето на резултатите од тестот, самоиницијативно да посегнат по некои лекови.
Тестот ги генерира основните информации: старост, висина, тежина, крвен притисок, холестерол, како и податоци за испитаникот дали некогаш земал терапија за хипертензија.
Релевантни прашања: дали пушите, дали сте дијабетичар, дали патите од ревматоиден артритис и аритмија.
На основа од овие податоци, калкулаторот ја пресметува староста на срцето и предвидува колкави се шансите во следната деценија да добиете срцев или мозочен удар.
За поточни резултати, потребно е да се впишат вредностите на холестеролот и крвниот притисок, а во спротивно, користи просечни вредности.
-Било установено дека тројца од четворица Американци имаат значително повисока старост на срцето од нивната реална возраст.
На 1.септември беше објавен нов, сличен калкулатор. Квизот го креираше Фрамингем студијата за срцеви болести, и според добиените податоци истражувачите утврдиле дека речиси 69 милиони луѓе на возраст меѓу 30 и 74 години имаат повисока срцева старост од нивната реална возраст.
Кај мажите било утврдено дека нивната просечната возраст на срцето е 8 години постара од нивната вистинска возраст, а кај жените 5 години разлика.
Колку е некој повозрасен, толку се зголемува растојанието помеѓу неговата реална возраст и староста на срцето. Сепак, постојат географски разлики во податоците, па така нема индикации зошто оваа разлика е значително помала кај луѓето кои живеат во Јута, на пример, а поголема кај луѓето од Мисисипи.
Од Центарот за контрола на болести и превенција известуваат дека целиот тест е осмислен за превенција од срцеви болести и едукација на луѓето за опасностите од ризикот за добивање на срцев и мозочен удар.
„Бидејќи голем број од Американците не ги сфаќаат сериозно ризиците од кардиоваскуларните болести, многу е важно раното детектирање на симптомите и евентуалните ризици, за нивно спречување и превенирање“ – вели Барбара Бауман, директор на CDC.
Меѓутоа, иако не може да се врати назад часовникот на вашата хронолошка возраст, сепак би можеле да ја намалите возраста на вашето срце.
Доколку некој 50-годишен човек има висок притисок, пуши и има вишок килограми, се предвидува дека најверојатно ќе доживее срцев удар на возраст од 72 додини.
Но, доколку тој се откаже од пушењето и земе лекови за намалување на крвниот притисок, би можел да ја намали староста на своето срце за 19 години – велат истражувачите.
Ако сте љубопитни и сакате да го погледнете тестот, тоа можете да го направите ОВДЕ.