За оние кои не сакаат да ја чистат рерната (а мислам дека нема такви кои ја обожаваат оваа задача), ова е совршен рецепт, за природен препарат без тешки хемикалии и штетни испарувања.
За да го приготвите ова средство за чистење – кое самото чисти – потребни ви се само три состојки: вода, сода бикарбона и малку оцет.
Потребни состојки:
½ шолја сода бикарбона
малку вода
2-3 лажици алкохолен оцет 9%
ПОСТАПКА:
Во керамички сад ставете половина шолја сода бикарбона, а потоа во неа додадете малку вода и 2-3 лажици бел оцет.
Со дел од смесата премачкјате ја рерната, а остатокот заедно со садот оставете го во рерната на решетка на 100 степени во период од 45 минути.
После тоа, колку и да ви била валкана рерната, со голема леснотија ќе ја исчистите и тоа само во еден потег.
Деталите како се прави сето тоа можете да ги погледнете во видеото: