За сите оние кои фантазираат или уживаат во радоста на јадењето здрава храна, сојата е активна состојка од истата.
Може да се користи како замена за млеко (млеко од соја), или може да ги замени повеќето протеини (тофу) иможе да се користи како замена за најчестите масла за готвење (масло од соја).
Сојата се чини дека е посакувана алтернатива за повеќето намирници благодарение на рекламата за здравствени придобивки, но и покрај некои тврдења за сојата, всушност таа може да биде исклучително лоша за нас.
Маслото од соја, како и сите други производи од соја, се добива од соини зрна. Многумина ја сметаат сојата какосупер храна за здравјето а за соја-производите тврдат дека имаат придобивки кои доаѓаат од природната моќ насојата.
Сепак, повеќето производи не ја објавуваат целата вистина и забораваат да споменат дека сојата во природата е токсична.
Сојата бара многу голема обработка за да може да се јаде, па дури и после тоа, мора да се подложи на понатамошни обработки за да се добијат конечните производи од неа: шницли од соја, трошки од соја, млеко од соја, јогурт од соја, урда од соја, сирење од соја… па дури и чварки од соја!
Со сето тоа количество од хемиски инжинеринг, можете било што да претворите во здрава храна: отровниот бршлен, отровните печурки, па дури и кората од дрвата може да станат храна со одредена количина на обработка. Иако, никој од овие наведениве немаат популарност како сојата.
Оваа популарност на сојата е всушност проблем за оние кои внимаваат на здравата исхрана и ја консумираат истата. Кога претерано се консумира, сојата може да доведе до драстични проблеми со текот на времето.
Премногу соја може да предизвика производство на стероидни хормони, да го зголеми ризикот од појава на Алцхајмерова болест, да предизвика ран пубертет кај девојчињата или успорен физички раст кај момчињата.
При разгледување на алтернативните методи на здрава исхрана, треба да се земат во предвид состојките од намирницата која ја купувате, па затоа редовно читајте ја етикетата.
Дали постои природна соја?
Ако на декларацијата се тврди дека намирницата содржи природна соја, тогаш тоа не е вистина. Природната соја е отровна. А доколку не тврди, уште еднаш проверете ја етикетата.
Голем број производи во себе веќе содржат извесен процент на соја, па така, доколку планирате да се храните со здрава храна, внимавајте да не ја преминете количината, па од здрава да преминете на нездрава исхрана.
Ако ја консумирате сојата бидејќи имате некаква алергија, на пример лактоза, па мора да имате диететски начин на живот, да бидете вегетаријанец, тогаш, најдобро би било да го разгледате конопот како можна опција, пред сојата.
Конопот има малку негативна конотација поради марихуаната, но кога станува збор за производи од коноп наменети за исхрана, тие воопшто не содржат ТХЦ.
Конопот има исто толку протеини како и сојата, а нема никаков ризик од негово консумирање. Не е токсичен, па дури содржи и омега-3 аминокиселини. Сојата можеби е многу попопуларна, но на подолги стази, конопот е подобар за вашето здравје.
Сојата е добростоечка на пазарот и индустријата за производство на здрава храна. На неа се гледа како на чудо-храна, но сега ги знаете фактите.
Сојата е природно токсична во својот нерафиниран облик. Единствената причина зошто е дозволена за потрошувачка е затоа што е толку пати обработена а нејзините токсини се неутрализирани и сведени на толерантно ниво.