Во овие рани утрински часови полека територијата на нашата држава подпаѓа под влијание на релативно влажна и студена воздушна маса која се спушта од северните географски широчини.
Локално има слаби врнежи претежно од снег и тоа во Крива Паланка, Пробиштип но и локално на западот од државава и тоа особено на планинските предели.
Од пред малку, снег почна да паѓа и во повисоките делови од скопската котлина, Сопиште, Скопска Црна Гора…
Понатаму ќе продолжат локалните и претежно послаби врнежи претежно од снег во северните, североисточните и во источните предели додека на другите места ќе има слаби врнежи од дожд и снег на пониските и снег на повисоките места и на планините додека на југоисток ќе има слаби врнежи претежно од дожд.
Навечер и во текот на ноќта кон понеделник врнежите особено на западот понекаде ќе имаат и умерен интензитет како и во понеделник кога повторно понекаде ќе имаат умерен интензитет додека на повисоките места и на планините ќе има зголемување на веќе постоечката снежна покривка.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец и истиот понекаде ќе се засилува по интензитет. Максимумот на температурите ќе се искачува во интервалот од 0 до 8 степени додека наутро ќе се спуштаат некаде од -4 до 3 степени.
Извор: Метеомакс