Постојат производи и препарати кои го промовираат губењето на тежината и детоксот на телото, но кои обично тешко се наоѓаат или пак се многу скапи.
Овој рецепт комбинира намирници кои воопшто нема скапо да ве чинат, исклучително се здрави за организмот, а што е најдобро, ќе уживате во неговиот вкус. Со помош на овој напиток вие можете да ослабете од 5 до 10 кг за еден месец.
Рецептот содржи две намирници кои речиси ги има во секоја диета поради својата способност да го топат салото, а тоа се сувите сливи и овесните снегулки. Тие се исклучително важни за дигестивното здравје и губење на тежината.
Базата на овој рецепт е кефирот, пијалак кој потсетува на јогурт. Кефирот неодамна беше промовиран како намирница за „рамен стомак“ и многу експерти сметаат дека пробиотиците се многу важни за здравјето на човекот, бидејќи ја одржуваат природната рамнотежа на микрофлората во цревата.
Ако имате проблем со внес на млечни производи, тогаш користете воден кефир.
Следната состојка која содржи овој рецепт е какото – одличен антиоксиданс и детоксикатор кој го олеснува исфрлањето на штетните материи од организмот. Користете поквалитетно, органско какао за максимален ефект.
И конечно: неговото величество – лененото семе! Неверојатен извор на витамини, омега-3 масни киселини и растителни влакна. Има способност да ги апсорбира токсините и да ги елиминира надвор од телото.
Исто така, помага во регулирање на апетитот, па така со негова помош полесно ќе се воздржувате од друга храна.
Оваа смеса која се приготвува навечер, треба да го замени вашиот појадок.
Потребни состојки:
5 суви сливи
2-3 супени лажици овесни снегулки
1 супена лажица ленено семе (свежо сомелено)
1 чајна лажичка какао во прав
1 чаша кефир
Постапка:
Прво, ставете ги сливите во сад со врела вода и оставете ги 10-15 минути да изладат.
Измешајте ги сливите со сувите состојки па додадете кефир и измешајте добро, најдобро во блендер. Добиената смеса складирајте ја во фрижидер да отстои преку ноќта.
Наутро ќе добиете еден лесен и едноставен појадок кој ќе ви даде почетна енергија за денот и ќе ви ја регулира столицата. Многу рано ќе започнете да ја чувствувате разликата.