Сите оние кои носат очила знаат колку непријатности им предизвикува одржувањето на нивната чистотата. Стаклата мора секогаш да бидат чисти за да се има чист и јасен поглед.

Сите тие посебно се трудат своите очила да ги сочуваат од гребаници и нечистотија, но секојпат се случува некоја незгода без разлика на внимателноста.

Гребаниците кои се јавуваат на стаклата главно се ситни но може да пречат и да го иритираат погледот.

Затоа ви претставуваме еден од најдобрите начини на кој едноставно се елиминираат гребаниците од очилата, исто како и од диплејот на смартфоните.

Како најдобро решение се покажала една состојка која сите ја имаме во нашата кујна, а тоа е сода бикарбоната.

Ова е навистина феноменално средство кое покрај тоа што ги елиминира гребаниците од очилата, исто така се користи и за нега и убавина, како средство за чистење, како лек, а денес ќе прочитате токму како се користи кај очилата.

Потребно е да се направи смеса од сода бикарбона и вода, да се добие густа текстура како паста.

Добиената смеса нежно нанесете ја врз стаклото, па со кружни движења поминете по критичните места, а потоа исплакнете со влажна памучна крпа, и на крај изгланцајте со сува крпа.