СПАС од ОСТЕОПОРОЗА…По една лажица пред појадок и пред ручек…За коски цврсти како бетон…Рецепт и видеот прилог на Лилјана од Кујната на Лилјана – природен лек за остеопороза.
„Бев во Пролом бања и правев тест за остеопороза и техничарите кои работат таму ми го дадоа овој рецепт за приготвување на природен лек кој помага како превентивва, но и за лекување на остеопороза.
Овој природен лек може секој да го користи, бидејќи секогаш е подобро да спречи отколку да се лечи.
Потребни состојки:
10 лажици мелено ленено семе,
5 лажици мелен сусам,
5 лажици мелени семки од тиква,
5 лажици мелени пченични зрна,
5 лажици семки од сончоглед,
3 лажици суво грозје,
1 литар ливадски мед
Постапка:
Сите состојки ставете ги во блендер за мелење и добро иситнете ги. Внимавајте да не претерате за да не дојде до одвојување на мастите од семето.
Пченицата е најтврда, па затоа можете претходно една ноќ да ја натопите во млака вода, па да ја исцедите и сомелите (или уште подобро, би можеле да користите и пченични ‘ркулци).
Состојките постепено промешајте ги со медот додека да добиете еднолична хомогена смеса. Смесата складирајте ја во добро затворена стаклена тегла и чувајте ја во фрижидер.
Употреба: по една лажица пред појадок и пред ручек. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: