Направете си лековита смеса од ѓумбир, ореви и мед, која го лекува телото и го чисти од токсините, а имунитетот го зголемува на максимум.
Ѓумбирот е моќна билка за лекување на многу здравствени состојби. Меѓутоа кога ќе се искомбинира со други лековити состојки, се добива една многу силна комбинација. Оваа смеса може да лекува бројни внатрешни болести, да ги исчисти органите од токсини и да ја врати силата на имунолошкиот систем.
Ви откриваме два рецепти, еден за напиток кој ќе ве наполни со енергија, и втор, за мешавина која ќе ви го излекува телото.
РЕЦЕПТ ЗА НАПИТОК
Потребни состојки:
250 мл топла вода
2 лажици јаболкова киселина
2 лажици лимонов сок
½ лажичка мелен ѓумбир во прав
¼ лажичка цимет
1 лажичка мед
1 прстофат кајенски пипер
Постапка:
Измешајте ги сите состојки. Напитокот се пие топол во текот на денот или наутро доколку сакате да го забрзате метаболизмот и да изгубите вишок килограми.
РЕЦЕПТ ЗА ЛЕКОВИТА МЕШАВИНА
Потребни состојки:
1 голем лист Алое
1 голем свеж корен од ѓумбир или 2 средни
150 г мелени (половина мелени и половина сечкани)
50 г поленов прав
150-200 мл мед
Постапка:
Листот од алое оставете го неколку дена во фрижидер, а потоа исечете ги боцките и дебелата зелена кора и извадете го гелот. Исечкајте го колку можете поситно. Коренот од ѓумбир излупете го и изрендајте го на ренде. Половина од оревите сомелете ги, а половината ситно исечкајте ги.
Состојките ставете ги во поголем сад, додадете го поленовиот прав и медот, па добро промешајте за да се изедначат. Смесата складирајте ја во стаклена тегла и чувајте во фрижидер. Следниот ден може да се започне со консумација.
Употреба: Двапати дневно по една лажица, половина час пред оброк. За одржување на здравјето доволно е еднаш дневно по една лажица.