Ќе ви стане омилена зимска салата!

Модриот патлиџан освен што е многу вкусен, приготвен на овој начин е и многу здрав. Заедно со доматите, лукчето и пиперките добивате една превкусна салата.

Потребни состојки:

4 кг модар патлиџан
10 поголеми домати
10 црвени пиперки
5 главици лук
3 лути пиперчиња, по желба
1 шолја (од 200 мл) шеќер
2 лажици сол
1 шолја масло
150 мл бел оцет 9%

Постапка:

Исечете го патлиџанот на кругови, наредете ги во тепсија и малку посолете ги одозгора. Оставете ги да отстојат додека да се исцеди вишокот течност, па одлијте ја течноста и оставете патлиџанот да се исуши.

Останатиот зеленчук убаво измијте г, излупете го, отстранете ги семките и петелките од пиперките, па исечкајте ситно и сомелете.

Круговите патлиџан наредете ги во големо тенџере, одозгора излејте ја мелената смеса од зеленчук, додадете ги зачините и оцетот, па загревајте.

Зеленчукот ќе испушти течност и затоа треба да се готви 30 минути, додека да испари вишокот течност. Не дозволувајте водата да врие, туку варете на умерен оган.

Потоа полнете ги теглите претходно стерилизирани и загреани, затворајте ги веднаш со метални капаци и завиткајте ги во ќебе. Оставете ги така до следниот ден додека да изладат. Потоа чувајте ги на темно и ладно место.

Coolinarika.com