Фото и рецепт: Андреа Стојадиновиќ (Инстаграм профил @la_cuisine_de_maman_ )
Многу вкусен бурек со месо, подобар од бурекчилница!
Потребни состојки:
500 г кори
450 мл газирана вода
110 мл масло
малку сол по вкус
За фил:
450 г мелено месо
1 главица црвен кромид
зачини по вкус
Постапка:
Запржете го ситно исечканиот кромид на малку масло додека да омекне и застакли, па додадете го меленото месо. Динстајте го заедно со кромидот 10-15 минути додека убаво да се запржи, да ја промени бојата и да испари течноста. Зачинете по вкус со сол и црн пипер.
За прелив: измешајте ја газираната вода со маслото и ставете малку сол. Тепсијата намастете ја, па наредете 6 кори во круг, така што со едниот дел ќе го покриваат дното, а со другиот дел ќе излегуваат надвор од тепсијата.
Во средината ставете 3 изгужвани кори. Прелијте со преливот, ставете фил со месо, па повторно три гужвани кори одозгора, прелијте со прелив и на крај вратете ги сите оние 6 кори кои излегуваат надвор од тепсијата, па и нив прелијте ги со преливот.
Потоа поклопете со друга тепсија и превртете го бурекот, така што онаа страна што беше горе сега е долу. Ставете да се пече во добро загреана рерна на 230 степени.
Фото и рецепт: Андреа Стојадиновиќ (Инстаграм профил @la_cuisine_de_maman_ )