Природниот витамин Ц после апсорпцијата се задржува во организмот цели 48 часа.
Изворот на витамин Ц е многу важен
Потребно е да се нагласи дека витаминот Ц кој ќе го пронајдете во природен извор, не е исто што и аскорбинска киселина, синтетички облик на витамин Ц, за чија синтеза најчесто се користи глукоза добиена од генетски модифицирана пченка.
Во природата, витаминот Ц постои како комплекс во кој ќе пронајдете аскорбинска киселина, но и рутин, биофлавоноиди, тирозиназа, коензими и други соединенија, кои заедно го прават еден од најмоќните витамини без кои човековиот организам би бил незаменлив.
Во прилог на природниот витамин Ц и неговото користење, доаѓа и податокот дека истиот после апсорпцијата, во организмот се задржува дури 48 часа, додека аскорбинската киселина се задржува само два часа!
Затоа, направете го сами, без многу трошоци!
РЕЦЕПТ ЗА ПРИРОДЕН ВИТАМИН Ц
За да приготвите домашен витамин Ц, ќе ви бидат потребни цитруси: лимон, портокал, цитрон, лимета, мандарина… најдобро е да се користи органско овошје, бидејќи ви е потребна кората.
Откако ќе го изедете овошјето или исцедете, кората измијте ја и исечкајте ја ситно, ставете на чиста ткаенина или чинија, па оставете неколку денови на собна температура, додека да стане сува и крцкава.
Потоа, сувата кора ставете ја во блендер и измиксајте за да добиете прав. И тоа е се’!
Сочувајте го цитрусниот прав во добро затворена стаклена тегла, за да не може да продира воздух во неа, и чувајте на темно и ладно место.
Консумирање:
Не станува збор за тоа колку милиграми витамин Ц консумирате, туку колку витамин Ц вашето тело ќе искористи, односно апсорбира.
Кората од тропското овошје содржи висока доза витамин Ц – 100 г кора дава околу 130 мг витамин Ц!
Самиот плод од портокал дава околу 70 мг витамин Ц на 100 г овошје. Покрај тоа, кората е преполна со ензими и фитонутриенти.
Консумирајте барем 1 лажичка дневно, а можете да го додавате во каши, супи, салати, сокови, десерти…
Една чајна лажичка од овој прав ќе ве снабди со цел комплекс витамин Ц, вклучувајќи наригин, рутин, хесперидин, како и останатите биофлавоноиди во количина која на телото му е потребна за цел ден!
Пробајте и воодушевете се со квалитетот и вкусот!