Првите резултати се забележуваат после 7 дена носење.
Досега незадоволните жени со величината на своите гради мораа да одат “под нож” ако сакаа да ги зголемат, но се чини дека сега имаат подобар избор.
Милан Милич тврди дека направил вибрирачки градник кој не само што ги зголемува градите, туку ги прави поцврсти и поприближени.
Градникот под назив Enhancebra се појави со ветување дека може трајно да ги зголеми градите за една величина без потреба од хируршка интервенција.
Милан објаснува дека вибрирачкиот градник го зголемува дотокот на крв во градите и ја подобрува циркулацијата.
-Станува збор за природен процес кој ја зголемува циркулацијата на крвта и така го храни ткивото на градите. Кога го истражувавме човековото тело, имавме идеја како да се манипулира со него, со неговите ткива и мускули. Веруваме дека пронајдовме начин за тоа, а во овој случај знаењето го користиме за да ги зголемиме и подобриме женските гради, тврди Милиќ.
После 14 успешни тестирања врз жени од целиот свет, градникот за првпат ќе започне масовно да се произведува по цена од 167 евра. Прво ќе биде достапен за жените за САД и Велика Британија.
Милан вели дека оваа необична идеја ја добил откако девојка му започнала да жели од големината на своите гради, по што започнал истражување на оваа тема како хоби, бидејќи работел во обезбедување.
Во 2015 година својот пронајдок го однел во Америка, каде две Американки станале првите тестери на неговиот производ вон Европа, пишува Daily Mail.
Првата жена која го тестирала брусхалтерот била неговата девојка Јелена Сабич, а резултатите ја оставиле без текст, бидејќи за 7 денови нејзините гради се зголемиле за еден број!
За да ги добиете овие резултати, потребно е градникот да го носите 5 дена во седмицата, 3 пати дневно.