Речиси на секоја жена и се случило некогаш во животот: Кога дента се погледнала во огледало се’ било во ред и на свое место, а следното утро кога се огледала забележала долго влакно на брадата кое се’ уште расте на истото место.

Секоја жена за себе помислила дека такво нешто само нејзе и се случува, но всушност тоа е вообичаена појава меѓу жените.

-Ваквата појава на брадата е комбинација од гени и хормони – вели Хедли Кинг, дерматолог од Њујорк.

Растот на влакна на брадата е предизвикан од машките хормони кои го одржуваат балансот на хормоните во организмот.

Во зависност од тоа ќе ви се појават повеќе или помалку влакна. Ако вашата баба имала влакненца на брадата, голема е веројатноста дека и вие ќе го имате истиот проблем.

Влакненцата на брадата се јавуваат на секоја возраст, особено над 40-тите.

Голем број жени во светот имаат проблем со влакненца на брадата, кои се обидуваат да се ослободат на безброј начини.

Ова е рецепт за маска која ќе ви помогне во тоа и со чија помош ќе добиете мазно и меко лице.

Потребни состојки:

1 домат
кесичка желатин
сирово млеко
мед

Во една чаша ставете 1 лажица сок од домат, потоа додадете 1 лажичка желатин во прав.

Во смесата потоа додавате 1 лажица сирово млеко, па состојките добро промешајте ги додека да добиете еднолична смеса.

Додадете неколку капки мед и нанесете ја оваа маска врз лицето во дебел слој. Оставете да отстои.

Пробајте ги и следниви начини кои се исто така ефикасни!

Ова е руски древен рецепт за отстранување на влакненца од лице и тело. Со овие рецепти вашите влакненца ќе се проретчат, а после неколку месеци и целосно ќе исчезнат.

Соберете лушпи од орев, запалете ги, а пепелта просејте ја.

Една супена лажица пепел прелијте со 1 литар вода, а смесата оставете ја да отстои 12 часови. Потоа натопете памук во течноста и тапкајте ги деловите од телото на кои имате несакани влакненца.

Оваа постапка треба да ја повторувате неколку пати дневно, а смесата треба да отстои 30 минути како облога. Набрзо влакненцата се проретчуваат, а по неколку месеци исчезнуваат.

Обидете се и со други начини на депилација!

Депилацијата со шеќерна паста е помалку болна од онаа со восок. Резултатите се повеќе од одлични, а за тоа одлучете сами – влакненцата нема да растат следните три до четири седмици. Доколку редовно се депилирате на овој начин, влакненцата со текот на времето ќе се проретчат и истенчат.

Се нанесува спротивно од растот на влакненцата, а се отстрануваат во насока на растот. Неискористената паста може да се складира во фрижидер и да се искористи за следна употреба.

А ова е едноставен рецепт за шеќерна паста:

¼ шолја сок од лимон
¼ шолја вода
2 шолји шеќер