Лекарите опоменуваат: дури и еректилната дисфункција и болката во листовите може да укажуваат на проблеми со кардиоваскуларниот систем.

Навремено спречување на развојот на болестите на кардиоваскуларниот систем – е првата најважна цел на секој лекар, а раното откривање на болеста е втората најважна цел.

Истото може да се постигне со промена на животниот стил и редовно примање на пропишаните медикаменти. Кардиологот Џоел К.Кан за пошироката јавност откри неколку неочекувани симптоми на затнати крвни садови кои помалку се познати, а треба да се знаат!

1.ЕРЕКТИЛНА ДИСФУНКЦИЈА

Кога тешко се постигнува ерекцијата или речиси е невозможно да се постигне, веројатно причината за тоа се затнатите артерии. Лекарот напоменува дека оваа состојба може да се јави три до пет години пред откривањето на вистинската причина, и затоа одењето на лекар не смее да се одложува (неодењето е многу опасно), бидејќи болеста може да земе замав.

2.БОЛКА ВО ЛИСТОВИТЕ ОД НОЗЕТЕ

Атеросклерозата може да води до затнување на артериите во нозете, особено кај пушачите, уште пред да биде востановена дијагнозата за затнати крвни садови. Симптомите бараат преглед на лекар и тоа веднаш, без одложување, бидејќи тој со едноставни прегледи ќе утврди дали станува збор за лоша циркулација.

Од голема важност е дијагнозата да се постави што поскоро, бидејќи постојат третмани кои можат да го успорат развојот на болеста и да го спречат најлошиот исход.

На пациентите им се советува да јадат повеќе овошје и зеленчук, помалку животински производи и да не заборават на движењето. Ако имате било какви проблеми со кардиоваскуларното здравје, мора да ја следите својата состојба, нивото на холестеролот и крвниот притисок.

3.БОЛКА ВО ВИЛИЦАТА

Стегната вилица е исто така, еден од симптомите на затнати артерии, а почесто се јавува кај жените, но за ова и мажите треба да бидат свесни. Болката во вилица или во вратот се симптоми на ангина пекторис, а тоа е непријатна последица на лош проток на крвта во срцето. Посетете лекар за да утврдите дали таа болка е последица на нешто безопасно или се потребни понатамошни прегледи.

4.БОЛКА ВО ДОЛНИОТ ДЕЛ ОД ГРБОТ

Таа болка не мора да биде само симптом за стареење, а според Physicians Community for Responsible Medicine, токму во тој дел болката може примарно да се јави како место на кое се собира плака. Болката е последица од лош проток на крвта во тој дел од крвта.

5.ПОСЛЕДИЦА ОД ПУШЕЊЕТО

хемикалиите во цигарите ја уништуваат структурата на крвните садови и негативно влијаат врз работата на срцето. Настанатите штети може да го зголемат ризикот од развој на атеросклероза, според зборовите на експертите. Една од најдобрите работи кои можете да ги направите за превенција од здравствените проблеми – е да престанете со пушењето.