Фотографија и рецепт на Душица Голубовиќ – Домашна и вмногу вкусна пилешка паштета.
Нема ништо подобро од домашно приготвена пашета која децата ќе ја обожуваат, а и возрасните, исто така. Многу е вкусна и многу брзо се изедува, па затоа не и се знае рокот на траење. Брзо и лесно се приготвува, потребен ви е само блендер и неколку намирници.
Потребни состојки: 1 парче бело пилешко месо, ½ -¼ главица кромид зависи од големината, 1-2 чешниња лук – кој сака, не мора, 2-3 варени јајца, 2-3 триаголници топено сирење (и ова не мора, го збогатува вкусот), сув зачин, црн пипер, копар, сол, зачини по вкус и мајонез по потреба, се додава за да ја разреди смесата
Постапка: Сварете го белото пилешко месо, а течноста што ќе ви остане може да ја искористите за правење супа. Сварете и две-три јајца, зависи од нивната големина.
Исечкајте го месото, па заедно со јајцата и кромидот, а кој сака може да стави и малку лукче, сомелете ги во блендер. Додадете зачини и неколку лажици мајонез за да добиете убава паста која се мачка.
Кој сака може да додадет и топено сирење кое оди во оригиналниот рецепт, но јас го заборавив и супер ми излезе, не недостига.
Зачините ги ставате по свој вкус, јас ставив сув зачин, мелен пипер, сол и сув копар. Мајонезот се додава по вкус и желба.
За деца се сервира во поголем слој на препечено лепче, а за возрасни на препечен леб намачкан во тенок слој со путер и се сервира со изладено бело вино.
Фотографија и рецепт на Душица Голубовиќ – Домашна и многу вкусна пилешка паштета, за целото семејство.