Доматите се здрави и вкусни плодови кои најчесто ги консумираме во летните месеци. Сепак, освен во салата или кечап во пица, доматите можат да се консумираат и во суперздрав напиток кој освен што ќе ги зајакне вашите коски, коса и ќе го подобри видот, ќе ви овозможи да се ослабите и од вишокот килограми.

Потребни состојки:

250 мл свежо цеден сок од домати
50-100 мл вода
1 прстофат сол или по желба
1 прстофат шеќер или по желба

Постапка:

Исцедете го сокот од домати преку газа или во соковник. Додадете ја и водата и по еден прстофат шеќер и сол или по желба. Употреба: Се препорачува да се пие 2-3 пати на ден секогаш свежо приготвен напиток.

Бенефити од секојдневно пиење на сок од домати:

Сокот од домати (свеж или зготвен) е одличен и содржи многу активни состојки, а ако го пиете редовно, може значително да почувствувате големо подобрување на здравјето. Постојат неколку клучни придобивки поради кои би требало секој ден да пиете по една чаша сок од домати.

Полн е со витамини

Свежиот сок од домати е одличен природен извор на витамините А и С. Со редовна консумација на нивниот сок ќе спречите појава на некои болести кои се поврзани со видот, ќе го зајакнете имунитетот и ќе го подобрите здравјето на забите и коските.

Го намалува холестеролот

Поради неправилниот начин на исхрана, сè повеќе луѓе имаат зголемено ниво на холестерол во крвта. Сокот од домати е богат со хранливи влакна кои го зголемуваат нивото на добриот холестерол, а го намалуваат нивото на лошиот холестерол.

Ослободува од отрови            

Човечкото тело, за жал, е склоно да ги складишти токсините и разните адитиви со кои е преполна храната која ја јадеме. Доматите содржат хлорин и сулфур кои ја потпомагаат работата на црниот дроб и бубрезите. Затоа доматите се најдобар плод за детоксикација.

Ја стимулира работата на цревата

Милиони луѓе во светот имаат проблеми со цревата. За тоа најмногу помага сокот од домати. Со негова редовна консумација се олеснува варењето на храната во организмот и спречува појава на запек.

Помага при слабеењето

Редовната консумација на сок од домати поттикнува хидратација на организмот, а хранливите влакна кои ги има во сокот даваат чувство на ситост, кое помага ако сте на диета. Исто така, го снабдува телото со сите потребни хранливи состојки, и ги нормализира сите метаболни процеси во организмот.