Сушени домати во маслиново масло – вистински деликатес кој совршено одговара со парче сирење

Фото и рецепт: Драгана Ѓорѓевич

Потребни состојки:

-Домати по избор
-Сол
-Оригано, босилек, зачини по вкус
-кромид
-Ловоров лист,
-црн пипер во зрно
-лути суви пиперчиња
-маслиново/обично масло за прелевање

Постапка:

Loading...

За сушење најдобар е доматот од старата сорта Рома или “шљивар”. Тој е помал по величина, но затоа е меснат и содржи помалку вода и семе. Секако, може да се суши било кој домат од најмалите шери до оние најкрупните. Важно е само да се извадат семките и да се исечат на потенки парчиња.

Се редат на плех обложен со хартија за печење. Се посолуваат малку и се наросуваат со оригано или некои зачински билки по ваш вкус.

Ако временските услови го дозволуваат тоа, тогаш сушете го на сонце. Може да се суши и во рерна на 50 степени 8 часови. Важно е да внимавате да не се пресуши, туку да остане мек, а не крут. Кога ќе се излади сушениот домат редете го во помали теглички.

Јас ставам кромид крупно сечен, оригано, босилек, неколку листови ловор, сушено луто пиперче, малку ким и по неколку зрна црн пипер во зрно.

За полевање користам половина маслиново со половина обично масло, но може да се користи и цело маслиново масло.

Тегличките ги чувам во фрижидер, нема никаква хемија, па за секој случај да не се расипе содржината, не знам колку му е рокот доколку се чува на собна температура. Ако го преливате само со маслиново масло и го чувате во фрижидер, може да се случи маслото да згусне, па затоа јас го мешам 50:50.

Се послужува со секакви јадења и во салата, а најубаво се сложува со парче зрело, солено овчо сирење. Уживајте во овој специјалитет.

Фото и рецепт: Драгана Ѓорѓевич

Loading...