Рецепт и видео презентација: Амина Хусиќ

Нежна и свиленкаста торта која ќе ве освежи и ќе ви ги разбуди сите сетила. Под пишаниот рецепт можете да ја погледнете и видео презентацијата.

Потребни состојки:

400 мл слатка павлака – хопла
200 г кисела павлак
100 г шеќер во прав
300 г мелени плазма кекси

за овошен дел:

300 г јагоди
100 г малини
300 мл слатка павлака – хопла
200 г маскарпоне
100 г шеќер во прав

за декорација:

2 шлаг кесички
250 мл ладно млеко

Постапка:

Слатката павлака изматете ја пенасто со миксер додека да добиете шлаг. Во посебен сад ставете 200 г кисела павлака и 100 г шеќер во прав, па пенасто измиксајте додека да добиете фин, мазен крем.

Изматената кисела павлака додадете ја во шлагот од слатката павлака, па нежно со жица за матење соединете ги состојките. Во смесата додадете 300 г мелени плазма кекси, па со шпатула или лажица промешајте додека да добиете изедначена смеса која лесно се формира.

Бисквитната смеса рамномерно распоредете ја во калап за торти претходно обложен со проѕирна фолија. Убаво натапкајте и израмнете за да нема шуплини.

Овошјето (300 г јагоди и 100 г малини) убаво измијте ги под млаз ладна вода, исцедете ги, отстранете им ги петелките, па исечкајте ги на средно големи коцки. Малините не мора да ги сечкате.

Изматете пенасто 300 мл слатка павлака додека да добиете шлаг. Во посебен сад изматете 200 г маскарпоне со 100 г шеќер во прав, па додадете го претходно изматениот шлаг и една кесичка желатин (приготвен според упатството, па растопен на пареа).

Со лажица убаво промешајте ја смесата да остане воздушеста, па додадете го исечканото овошје. Изедначете и добиениот фил нанесете го рамномерно врз првиот слој од плазма. Оставете да се стегне во фрижидер 1-2 часа.

Шлаг пените добро изматете ги со 250 мл млеко, а добиениот шлаг нанесете го врз тортата. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: