Фотографија и рецепт на Фемије Сулејмани. Рецептот и колачите ни го претстави нашата драга пријателка Фемије Сулејмани, членка во групата НМД рецепти. Ги пробавме колачите, одлични се!

Потребни состојки: 500 мл млеко, 1 пудинг од ванила, 1 лажица нишесте (густин), 3 лажици шеќер, 30 г кокос, 24 јафа кекси (ресана) и мелени/сечкани ореви за валкање на кексите – или мелени кекси, по желба

Постапка: Во едно тенџере ставете 500 мл млеко, 1 кесичка пудинг од ванила, една лажица густин, три лажици шеќер, па убаво промешајте да нема грутчиња.

Ставете на оган и загревајте со постојано мешање додека да згусне. Откако ќе зоврие намалете го огнот и варете на потивка температура за да не ви загори.

Во сварениот крем додека е уште топол додадете 30 г кокосово брашно и промешајте за да се соедини. Смесата оставете ја целосно да излади и да згусне уште повеќе.

Повремено промешувајте за да не фати коричка. Кога кремот ќе биде млак, може да спојувате по две кекси, слично како руските шубари:

-врз еден кекс (од бисквитната страна, чоколадната страна треба да биде надворешна), ставете 1-2 лажички фил, па спојте со друг кекс, и обложете и израмнете странично. Потоа валкајте ги во мелени ореви или кекси. Постапката можете да ја погледнете во видеото: