Ова е една многу моќна комбинација од здрави состојки, а делува веднаш, после првата испиена чаша. Има речиси магичен ефект, па добро е да се започне со консумација уште сега, за да се зајакне имунитетот на организмот, пред налетот на зимските настинки.

Црниот дроб и цревата спаѓаат во најактивните органи кои се задолжени да го прочистуваат нашето тело, да го земаат од храната она што му е потребно на организмот, а целиот непотребен материјал да го исфрлаат надвор од телото.

Сепак, со текот на времето може да се случи да бидат преоптоварени, па да работат со намалена функција. Тогаш чувствуваме голем замор, кожата ни станува нечиста, се јавуваат акни иако пубертетот сме го оставиле далеку зад нас, зглобовите не се веќе така еластични како порано и целиот организам почнува да ни откажува. Штом не функционираат овие два органи како што треба, целото тело трпи.

Затоа, потребна е “мала помош” од нас самите, за да помогнеме да се исчистат талозите од токсини и отпад, а природните начини секогаш се најдобрата опција за тоа.

Ви го претставуваме овој рецепт за еден моќен коктел кој ќе ви ги исчисти цревата и црниот дроб.

Потребни состојки:

3 моркови
2 зелени јаболка
1 главица цвекло
½ лимон
2-3 см ѓумбиров корен
1 рака свежи листови спанаќ/блитва..

Постапка:

Сите плодови добро измијте ги, истретирајте ги во раствор со сода бикарбона за да бидете сигурни дека сте ги испрале од секаква нечистотија. Потоа излупете ги, исечкајте ги на помали парчиња и ставете ги во блендер заедно со две чаши вода или по потреба. Изблендирајте го сокот, веднаш испијте една чаша, а остатокот сочувајте го во фрижидер за подоцна. Испијте го во текот на денот, на гладно.

Моќниот коктел ќе ви овозможи:

-морковот го храни црниот дроб со помош на своите флавоноиди и витаминот А;

-пектинот од јаболката помага телото да се ослободи од токсините;

-спанаќот го јакне имунитетот и обезбедува добра циркулација;

-ѓумбирот и лимонот придонесуваат за подобра функција на гастроинтестиналниот тракт, елиминираат подуеност и го подобруваат метаболизмот;

-цвеклото содржи многу влакна, што е одлично за цревата, како и многу хранливи материи кои му се потребни на организмот.