Основната формула на овој моќен тоник датира уште од средновековна Европа, од времето која беснееле разни болести и епидемии.
Мајсторскиот тоник за супер чистење е вкусшност антибиотик кој ги уништува бактериите, вирусите и габичките. Покрај другото ја зголемува циркулацијата на крвта и лимфата во сите делови од кожата. Се користи и за лекување на кандидијаза и други габични инфекции.
Овој тоник им помогнал на голем број луѓе да се излекуваат од разни вирусни, бактериски, паразиткси и габични заболувања, па дури и од самата чума. Неговото силно дејство не треба да се потценува.
Може да ги излекува повеќето хронични состојби и болести. Поттикнува максимална циркулација на крвта, а истовремено и ја прочистува од токсините. Оваа формула им помогнала на милиони луѓе низ вековите да се изборат со голем број смртоносни болести. Тајната е во моќната комбинација на врвни природни и свежи состојки.
МАЈСТОРСКИ ТОНИК – РЕЦЕПТ Пожелно е да се носат заштитни ракавици во текот на подготвката, особено додека се ракува со лутите пиперчиња, бидејќи долго после тоа ќе чувствувате жарење на кожата. Исто така, мирисот е многу силен, па можно е веднаш да ви ги проработат синусите и започне прочистување на каналите.
Потребни состојки: Околу 700 мл домашна јаболкова киселина, ¼ шолја ситно сечкан лук, ¼ шолја ситно сечкан кромид, 2 ситно сечкани најлути пиперки што можете да ги најдете, ¼ шолја рендан ѓумбир, 2 лажици рендан рен и 2 лажици куркума во прав или 2 свежи корења
Постапка: Во поголем сад измешајте ги сите состојки освен оцетот. Ставете ги во голема стаклена тегла, па одозгора прелијте го оцетот до врвот. Две третини од теглата треба да биде исполнета со суви состојки, а до врв да се прелијат со оцетот. Теглата добро затворете ја и протресете.
Оставете ја на суво и ладно место 14 денови. После две седмици добро процедете ја содржината и истискајте ги состојките за да излезе што повеќе течност. Најдобро е ова да се прави преку двојна газа.
Остатокот од сувата смеса можете да ја користите при готвење на некои јадења. Добиената течност е вашиот Мајсторски тоник. Нема потреба да се чува во фрижидер, бидејќи има доста долг рок на траење. Совет: Можете да го користите како оцет за салати.
ДОЗИРАЊЕ НА МАЈСТОРСКИОТ ТОНИК – Вкусот е многу силен и многу лут! После консумација најдобро е да изедете парче портокал, лимон или лимета за да олесните чувството на пецкање и топлина.
За јакнење на имунитетот и против настинки: се пие по една лажица секој ден. Се става во уста, кратко се чува во устата и се голта. Постепено може да ја зголемувате дозата и да дојдете до една ракиена чашка на ден. Против тешка болест или инфекција, консумирајте 5-6 пати во денот по 1 лажица.