Марк Матасон, еден од најпознатите невро-научници објасни дека постот е подобар од било кој лек на фармацијата и нагласи дека придобивките од постењето намерно се криени од јавноста.
Постојат барем 10 темелни докази за здравствените предности на постот. Некои од нив се намалување на тежината, низок крвен притисок и намалување на холестеролот.
Вистинското прашање кое треба да се постави во врска со целата оваа ситуација е: зошто фармацијата не е заинтересирана за истражувања во оваа област?!
“Зошто нормалната исхрана се состои од три оброка дневно и плус додатни ужини?!
Тоа не значи дека тој начин е најздравиот. Постои голем притисок врз вас за вие да се храните на таков начин. Ако не го почитувате тој начин на живот и исхрана, индустријата ќе почне да губи пари, па затоа и тој принцип на исхрана и живот ви е наметнат.
Ако луѓето постат, прехрамбената индустрија губи пари. Каде е тука фармацијата?! Што ако луѓето имаат привремен пост, вежбаат редовно и живеат здраво, како фармацијата ќе заработи пари од тие здрави луѓе?!” – изјави Марк Матасон.
“Повремениот пост стана мојот начин на живот. Се чувствувам проклето добро. Физички и психички, мислите ми се јасни и фокусирани. Мојата енергија експлодираше до небо. Порано во 3 часот попладне имав голема криза на умор, но веќе тоа не ми се случува.”- додаде за крај познатиот невро-научник.
Кои се придобивките од ваквиот начин на живот?
Со ваквиот начин на исхрана, ќе уживате повеќе и во јадењето. Нема да гледате само да се најадете што е можно побрзо. Исто така, одлучив да почнам и со вежбање (трчање и истегање), веднаш штом ќе се разбудам на празен стомак.
Мислев дека ќе бидам слаб и ќе чувствувам вртоглавици на празен стомак, но напротив, бев мотивиран и полн енергија.
Постот и вежбањето во комбинација е одличен начин за топење на маснотиите во организмот.