Оваа торта се состои од повеќе делови, но со својот извонреден вкус, кремавост и совршена текстура, ќе ве плени после првиот залак!

Потребни состојки:

ПРВ ДЕЛ​

5 белки од јајце

5 лажици шеќер

3 лажици брашно

3 лажици мелени ореви

½ кесичка прашок за печиво

ВТОР ДЕЛ​

280 г мелени бисквити

200 мл млеко (ладно или на собна температура)

200 г топено чоколадо

150 г путер

120 г шеќер во прав

ТРЕТ ДЕЛ

200 г суви смокви

100 г суво грозје,

1 портокал (сок и малку рендана кора)

ЧЕТВРТ ДЕЛ

5 жолчки од јајце

4 пудинзи од ванила

1 литар млеко

1 путер

220 г шеќер во прав

Постапка:

1.Со состојките од првиот дел испечете кора во калап за торти (26 см). Печете на 180 степени додека да порумени. Изладете.

2.За вториот дел, изматете го путерот со шеќер во прав, додадете растопено чоколадо, па мелените бисквити, и распоредете врз изладената кора. Ставете во фрижидер додека го правите третиот дел.

3.За третиот дел сомелете ги сувите смокви и грозје, додадете шеќер, малку кора од портокал, па замесете со сокот од еден портокал. Распоредете врз тортата и израмнете.

4.За четвртиот дел, сварете ги пудинзите и жолчките, па кога кремот ќе излади додадете го изматениот путер со шеќер во прав. И овој крем распоредете го врз тортата, украсете со шлаг.​