Фото и рецепт: Бранкица Крстиќ
Со овој рецепт добивате фантастично мек и вкусен леб за кој нема потреба од напорно месење и премесување. Сите состојки ги мешате со лажица, оставате да стаса, а потоа тестото го печете под капак во рерна. Не може да не ви успее!
Потребни состојки:
200 млака вода
1 кесичка сув квасец или 20 г свеж квасец
1 лажичка шеќер
700 г брашно
2 лажички сол
350-400 мл млака вода
Постапка:
1.Во 200 мл млака вода разматете една кесичка сув квасец или 20 г свеж квасец и една лажичка свеж квасец. Промешајте убаво и оставете 10-тина минути да се активира квасецот.
2.Во поголем сад ставете 700 г брашно и две лажички сол, па малку промешајте со лажицата. Додадете го активираниот квасец и уште 350-400 мл млака вода.
Водата додавајте ја постепено, а количината секако зависи од самото брашното. Убаво со лажицата промешајте. Не се меси!
3.Поклопете со било што и оставете тестото да стасува 45-60 минути за да ја удвои величината.
4.Вклучете ја рерната да се загрева на 250 степени и во неа веднаш ставете го тенџерето обложено со хартија за печење. Внимавајте тенџерето на дена некои пластични или силиконски делови.
5.Кога рерната убаво ќе биде загреана на 250 степени, извадете го тенџерето и во него истресете го тестото. Внимавајте да не се изгорите, користете заштитни ракавици. Одозгора малку наросете брашно (еден прстофат).
6.Ставете капак и печете половина час. После тоа тргнете го капакот и печете уште 15-20 минути. нема шанси да не ви успее!
Фото и рецепт: Бранкица Крстиќ