Видео презентација и рецепт на Том Филос. Мека, вкусна погача со кашкавал кој се тегне додека кинете парче… Вкус кој нема да ве остави рамнодушни.
Потребни состојки: 200 мл топло млеко, 10 г сув квасец, 1 јајце, 100 мл масло, 100 мл млака вода, 700 г брашно, 1 лажичка сол. И уште: кашкавал за полнење, 1 жолчка + 2-3 лажици млеко за премачкуавње одозгора
Постапка: Во поголем сад измешајте 200 мл млако млеко, 10 г сув квасец (една кесичка), едно јајце, 100 мл масло за јадење и 100 мл млака вода. Сите состојки измешајте ги, а потоа постепено додадете 700 г брашно. Матете со миксер за тесто, или со лажица, а потоа и со рака.
Пред крајот додадете една лажичка сол. Месете додека да добиете мазно тесто кое не се лепи. Малку намастете го и оставете го покриено со проѕирна фолија да стасува 90 минути на собна температура.
Откако стасаното тесто ќе ја удвои својата величина, истресете го на набрашнета работна површина. Премесете го, формирајте топка, малку сплескајте ја со рацете и со помош на окладија развлечете кора со димензии на тепсијата во која ќе се пече.
Тепсијата убаво намастете ја со путер, па кората префрлете ја во неа. Исечете ја на коцки, покријте ја со крпа и оставете ја да стасува половина час на собна температура.
На секој засек наредете долгнавести тенки ленти капкавал по ваш избор. Пополнете ги сите празнини. Одозгора премачкајте ја погачата со изматена жолчка си малку млеко.
Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 25 минути. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: