Фотографија и рецепт на Верче Костоска
Рецептот за овие вкусни варени ѓевречиња ни го претстави нашата драга членка Верче Костоска во групата НМД рецепти. Имаат крцкава кора, а внатрешноста им е мека. Децата ги обожуваат, но исто така и возрасните. Повкусни се од купечките!
Потребни состојки: 1,5 кг брашно, 3 лажици сол, 3 лажици шеќер, 2 квасец, 1 филџан (за кафе) масло, сусам за валкање, 1 литар вода и 3 полни лажици мед
Постапка: во поголем сад за месење се става брашното, шеќерот, квасецот, маслото и солта, па со постепено додавање на млака вода се замесува средно меко тесто, како за леб.
Тестото се остава да стасува на собна температура околу една час. Потоа се кинат топчиња со величина по желба (во зависност од тоа колкави ѓевреци ќе правите).
Топчињата сплескувајте ги со рака, а со помала чашка се сече внатрешноста за да се формира ѓевречето. Исто така, можете да развлечете подебела кора и да ги сечете ѓевречињата со две чаши со различна големина на пречникот.
Во тенџере на оган ставете вода со полни три лажици мед, па оставете да вари. Со решеткаста лажица спуштајте ги ѓевречињата да се варат во водата околу 1-2 минута.
Кога ќе се спушти ѓевречето тоа паѓа на дното, но штом започне да се вари, тоа испливува на површината. Се вадат ѓевречињата и веднаш се валкаат во сусам од двете страни.
Се редат во намастен плех и се ставаат во претходно загреана рерна на 200 степени да се печат додека да добијат убава боја.
Фото и рецепт: Верче Костоска