Аспиринот е популарен аналгетик кој со години се користи за ублажување на болки и воспаленија. Ова бело апче има одлични антивоспалителни и неврозаштитни својства, па често им се дава на пациенти кои патат од кардиоваскуларни болести.

Напоредно со медицинското дејство, аспиринот исто така има и бројни својства кои можат да се користат за нега на убавината.

Неговата примарна состојка е салицилна киселина, соединение кое неверојатно влијае врз кожата и претставува еден од најдобрите лекови за акни, митесери, темни дамки и други проблеми со кожата и порите.

Денес ќе ви претставиме три одлични начини за употреба на аспиринот за лице.

МАСКА ЗА ПИЛИНГ

Дали знаевте дека аспиринот е одличен за чистење на лицето? Не знаев ниту јас, додека ова не ми го откри тетка ми. Таа има толку прекрасно лице!

Аспиринот може да го елиминира вишокот маснотија од лицето и да ги стеснува порите, да ги лекува сите проблеми со кожата. Еве како се приготвува маската.

Потребни состојки: 3 аспирини и 3 лажици вода

Постапка: Ставете ги аспирините во вода и сомелете ги додека да добиете текстура на паста. Пред нанесување на маската на лице темелно измијте се а потоа втријте ја маската со нежни кружни движења. Оставете ја да делува 5-10 минути и повторете ја постапката двапати седмично долку имате помасен тип на кожа.

МАСКА СО АСПИРИН И ЛИМОН

Оваа маска е одлична за оние кои се борат со акни, дамки и други проблеми на кожата. Кога се комбинира со лимон, аспиринот станува неверојатен антибиотик и средство за решавање на неправилностите, бактериите, па ги лекува дури и најмалите акнички. Оваа маска треба да се користи само навечер, бидејќи изложувањето на сончева светлина после примена може да предизвика иритација на кожата.

Потребни состојки: 3 аспирини и 3 лажици лимонов сок.

Постапка: Натопете го аспиринот со лимоновиот сок и сомелете го додека да добиете паста, а потоа нанесете го на лицето и оставете да делува барем 10 минути пред да ги измиете лицето со вода.

МАСКА СО ЈОГУРТ, МЕД И АСПИРИН

Оваа маска е едноставна ефикасна како и секој пилинг и може да ја намали појавата на лузни од акни и темни дамки на лицето.

Оваа мешавина создава ефикасна хидрирачка маска која може да ги намали знаците и симптомите на стареење, како и да го подобри тенот. Со редовна употреба на маската доаѓа до омекнување на вашето лице и враќање на неговиот сјај. Еве како се приготвува.

Потребни состојки: 5 аспирини, ½ лажица органски мед и 1 лажица јогурт

Постапка: Сомелете ги аспирините додека да добиете прав, а потоа добро измешајте ги со останатите состојки. Пред да ја нанесете маската на лице, прво на лицето ставете пешкир натопен со топла вода за да се отворат порите, а потоа нанесете ја маската во тенок слој. Оставете ја да делува во следните 20-30 минути, а потоа исперете со вода и намачкајте го лицето со хидрантен крем.