Сите ги сакаат вкусните Руски шубари кои се топат во уста. Овој рецепт за нивно приготвување е најбрзиот што постои, бидејќи се користат готови, купечи кори.
Потребни состојки: 3 парчиња готово купечки кори со какао, 1 литар млеко, 20 лажици шеќер, 2 ванилин шеќер, 10 лажици брашно, 100 г бело чоколадо, 250 г путер/маргарин. За глазура: 100 г кокос – за валкање, 100 г црно чоколадо и 2 лажици масло
Постапка: Од еден литар одвојте околу 200 мл млеко, а остатокот ставете го во подлабоко тенџере заедно со шеќерот и ванилин шеќерот. Ставете на оган. Во одвоените 200 мл млеко додадете го брашното и промешајте за да нема грутчиња.
Кога млекото ќе зоврие намалете ја температурата и во него постепено додадете го раствореното брашно, па со постојано мешање сварете го додека да згусне. Во врелиот крем додадете го и белото чоколадо, па промешајте додека да се растопи и соедини.
Оставете го целосно да излади. Путерот пенасто изматете го, па соединете го со изладениот крем. Со обична стаклена чаша вадете трклаца во парен број. Внимавајте колку можете повеќе да го искористите бисквитот. Пред самото филување, врз половина од тркалцата ставете по 1-2 лажици сок од портокал за бидат посочни.
Врз секое натопено тркалце, нанесете фил и поклопете со друго тркалце (ненатопено). Обложете го колачот од страна и валкајте го во кокосово брашно.
За глазура: во чоколадото искршено на коцки додадете две лажици масло, па ставете го во микробранова печка или на тивок оган да се растопи и соедини. Одозгора украсувајте ги руските капи и оставете ги да се изладат и стегнат. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: