Ако ги приготвите на овој начин, пиперките остануваат крцкави и многу вкусни. Рецептот е супер, брзо, лесно и вкусно – проверено добар!

Потребни состојки: 2,5 кг пиперки, 2 моркови со средна величина, 1 помала китка свеж магдонос, 1 главица лук со средна величина, 1,5 литар вода, 5 рамно лажици сол (60 г), 5 рамни лажици шеќер, 1 кесичка црн пипер во зрно (10 г) и 200 мл алкохолен оцет (9%)

Постапка: Пиперките добро измијте ги под млаз ладна вода, а потоа исчистете ги од петелките и семето. Пресечете ги на половина. Морковите измијте ги исчистете ги и исечете ги на тркалца. Лукот исчистете го и исечете го ситно. Магдоносот измијте го и исечкајте го.

Стаклени тегли добро измијте ги и стерилизирајте ги во рерна на 100 степени околу половина час. Во теглите редете ги филетите од пиперки. Во мала тегла собира околу 5-6 пиперки, односно 10-12 филети. Во зависност од величината на пиперките, помеѓу додавајте морков, лук и магдонос.

Во подлабоко тенџере ставете 1,5 литар вода да зоврие. Кога ќе зоврие водата тргнете го садот од ога и додадете 5 рамни лажици сол (60 г), 5 рамни лажици шеќер, 1 кесичка црн пипер во зрно и 200 мл алкохолен оцет 9%. Промешајте за да се растопи. Пробајте, па по вкус додадете уште сол, шеќер или оцет.

Полнете ги теглите со преливот и протресувајте ги за убаво да се распореди. Оваа количина е доволна за 5 мали тегли или 3 мали и една поголема од 1,4 литар. Цврсто затворете ги теглите со капак.

Во подлабок сад ставете крпа на дното, па распоредете ги теглите и додадете вода за прст под капакот. Ставете да проврие на умерена температура (на 2 од 3). Кога ќе зоврие намалете на 1,5. Оставете да врие на тивко околу 20 минути.

Исклучете и оставете теглите да изладат во водата уште еден час. Постапката е иста доколку приготвувате во големи тегли. Деталите од рецептот можете да ги погледнете во видеото: