Плазма тортата е една од најпопуларните слатки. Едноставна е, брзо се приготвува, неодоливо е вкусна. Ја обожуваат децата, а главна состојка се плазма кексите.
Има одличен вкус, збогатен со чоколадо, суво грозје, ореви…
Потребни состојки: 600 г плазма кекси, 600 мл фанта сок, 200 г чоколадо/милка со суво грозје и лешник, 100 г мелени ореви, 100 г сечкани ореви, 100 г суво грозје, 30 г брусница, 30 мл рум, 250 г путер/маргарин, 100 г шеќер во прав, 250 г шлаг и 300 мл млеко
Постапка: Во подлабок сад измешајте 300 г кршена плазма и 300 г мелена плазма. Во смесата додадете ситно исечкано или искршено чоколадо. Додадете и 100 г сечкани ореви, 100 г мелени ореви и 30 г брусница, претходно натопена во рум и исцедена.
Во смесата додадете и 100 г суво грозје, исто така претходно натопено во рум. Промешајте убаво за рамномерно да се измешаат состојките.
Во смесата од суви состојки додадете 600 мл фанта/јупи и промешајте додека смесата убаво да се изедначи. Оставете на страна да се впие убаво. На страна пенасто изматете го путерот, па додадете 100 г шеќер во прав и продолжете со матење додека да добиете убав крем.
Изматениот путер и смесата од плазма соединете ги до изедначување, најдобро да се измати со миксер. Добиената смеса истурете ја врз чинија за сервирање и со помош на лажица обликувајте ја тортата. Оставете ја во фрижидер за да се стегне.
Во посебен сад изматете 250 г шлаг со 300 мл ладно млеко. Со шлагот декорирајте ја тортата. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.