Најубавата и најлесната погача која ќе ве освови веднаш, по првиот залак! Погачата е мека како душа и многу едноставна за приготвување, особено за млади домаќинки.

Потребни состојки: 2 јајца, 1 јогурт во чаша, 50 г квасец, 200 мл вода, 2 лажички шеќер, 2 лажички сол, Брашно по потреба (околу 700 – 800 г), сусам за поросување и 150 г маргарин/путер за мачкање.

Постапка: Квасецот и шеќерот ставете ги во млака вода. Промешајте и оставете да се активира. Во брашното додадете јајца, сол, јогурт и активиран квасец, па замесете тесто. Оставете го 5 минути да одмори, па развлечете го во голем правоаголник, тенок околу 5 мм.

Премачкајте ја кората со путер и свиткајте ја во ролат. Исечете го ролатот парчиња со дебелина од околу 4-5 см. Парчињата редете ги во тркалезен сад за печење (30 см) и оставете ја формираната погача да кисне додека да ја удвои својата величина.

Врз секој ролат ставете малку путер и наросете со сусам. Печете ја погачата во загреана рерна на 200 степени додека да зарумени. Печената погача завиткајте ја во сува крпа и оставете така неколку минути додека малку да подизлади и да омекне од сопствената пареа и топлина.

coolinarika.com