Одлична идеја за појадок или вечера, печивата се вкусни и меки како памук, пробајте ги, сигурно ќе ви се допаднат.
Потребни состојки: 20 г квасец, 1 лажица шеќер, 1 лажичка сол, 1 чаша (од 200 мл) вода, 1 чаша млеко, 1 чаша масло и 6-7 чаши брашно (меко тип 400)
За фил: кисела павлака, колбаси, свеж домат, свежи пиперки, малку кашкавал. За премачкување: 2 жолчки, сусам, ким за наросување. Се печат на 180 степени, 35 минути
Постапка: За мерење се користи чаша од 200 мл. Во подлабок сад издробете го квасецот, додадете лажичка шеќер и малку млака вода. Промешајте колку да се растворат квасецот и шеќерот.
Додадете го остатокот од млаката вода, млекото и маслото, па промешајте. Кога течните состојки ќе ги промешате, започнете постепено да го додавате брашното и солта.
Кога ќе ставите шест чаши брашно, доколку тестото е меко, додадете уште малку брашно, до една чаша. Чаша по чаша додека го додавате брашното мешајте за да се изедначи без грутчиња. Не го додавајте одеднаш целото брашно. На крај треба да добиете меко тесо кое не се лепи на раце.
Од тестото формирајте топка, покријте го оставете го на топло место да стасува додека да ја удвои величината.
Од стасаното тесто кинете парчиња со големина на тениски топчиња, премесете малку и редете ги во плех обложен со хартија. Топчињата редете ги на одредено растојание и покријте ги да остојат некое време.
Додека стасуваат топчињата, исечкајте го зеленчукот и сувомеснатото, односно состојките кои ќе ги користете за фил.
Дното на една стаклена чаша, од надворешна страна натопете ја во пасло, па притиснете врз топчето до самиот крај и на тој начин формирајте вдлабнување. Повторете ја постапката со сите преостанати топчиња. Големината на чашата треба да биде помала од кругот на топчињата.
Во вдлабнатината на секоја погачица ставете крем сирење или кисела павлака, а потоа ставете ситно сечкан зеленчук и колбаси или сувомеснато.
Изматете две жолчки и премачкајте ги печивата, а одозгора наросете со сусам и ким или по желба. Ставете да се печат во загреана рерна на 180 степени, околу 30-35 минути. Кога се печени печивата одозгората ставете рендан кашкавал и вратете уште 2-3 минути за да се растопи и запече. Деталите можете да ги погледнете во видеото: